МУДРОСТ

Старата мудрост вели: За да нахраниш човек еднаш – дај му риба, а за да го нахраниш за цел живот – научи го да ја лови !
На нашиве политичари сме им дале наше езеро во владение и наша трска, и тие за себе си ловат многу риби – а нам ни фрлаат по некое рипче за да преживееме и ни велат дека само тие знаат како се лови, а ако не се тие – ќе умреме за јадење. Тоа е системот со затворени листи кој не прави зависни од тој еден „мајстор“ што добро лови, и сите чекаме на него – додека тој си го товари бродот со нашите риби.
Ние ДЕМОКРАТИ сакаме да го вратиме на нашиот народ и езерото и рибите, кои се негови, и да му овозможиме пофторно сам да си ги лови рибите, не само за да преживее – туку и многу добро да живее од продажбата на рибите од своето богато езеро. Треба само да гласаме на избори за квалитетниот систем со отворени листи, за ДЕМОКРАТИ – и отворените листи ќе бидат воведени многу брзо, а со тоа и нашето езеро и риби ќе ги вратиме во наше народно владение. А ние народот најдобро знаеме како се лови риба, како таа се продава, и како најдобро се трошат нашите народни пари – за заеднички развој!
Изборите сега се најдобрата можност да си ја вратиме државата, нашето богато езеро, во наше народно владение, и затоа сите на локални избори гласаме за нас самите – За ДЕМОКРАТИ!
ДЕМОКРАТИ се борат за доброто на граѓаните и Македонија!
Претходно МОРА ДА СИ РЕТАРДИРАН ДА ГЛАСАШ ЗА НЕКОЈ КОЈ ТИ ГО УНИШТУВА ЖИВОТОТ И СЕМЕЈСТВОТО!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ