Се потврдува скандалот на МВР, каде на крајно сомнителен и коруптивен начин се додели милионски тендер на фирма за полагање возачки испити, зад која што стои советник на ДПМНЕ.
МВР, под раководство на Панче Тошковски, пред само три месеци додели лиценца за полагање на возачки испити во Пелагонискиот регион на новооснованата фирма „Супер возач”, зад која стои функционер на ДПМНЕ и советник во Советот на Општина Кичево, Филип Митрески.
Иако фирмата била регистрирана само 3 месеци пред распишување на тендерот, МВР ја избра оваа фирма, за 5 години да прави бизнис вреден милиони денари и сите полагања на возачки испити во Битола, Прилеп и Ресен да одат преку оваа фирма, блиска до власта.
Но, само по 3 месеци, истата институција – МВР на Панче Тошковски, која процени дека „Супер возач“ ги исполнува условите за работа, деновиве е затворена поради тоа што немала соодветна документација, стручен кадар и возила и не водела ни уредна евиденција.
Со други зборови, очогледно се потврдува дека лиценца добила фирма која од самиот почеток не ги исполнувала условите.
Поради ова возачите сега од целиот регион 30 дена не можат да полагаат возачки испити.
ДЕМОКРАТИ прашуваат кој во МВР ќе одговара за овој скандал? Дали Панче Тошковски и советникот Филип Митрески ќе имаат одговорност за овој случај на корупција, или и овој случај ќе се заташка?
ДЕМОКРАТИ бараат ИТНО
разрешување на министерот Панче Тошковски и одговорност за сторителите на овој скандал од Државната комисија за спречување корупција, од Основото јавно обвнителство и од сите надлежни институции.
ДЕМОКРАТИ, секогаш за правна и функционална држава!


