Нов доказ дека Македонија образовно „тоне“ – ниту еден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа за рангирање на светските универзитети за 2025 година.
Приматот за најдобар универзитет во светот, по 23-ти пат го освои Харвард. По Харвард, следуваат Стенфорд и МИТ, меѓу првите десет се и Кембриџ (4), Беркли (5), Оксфорд (6), Принстон (7), Колумбија (
, Калтех (9) и Чикаго (10).
Универзитетите се рангираат врз основа на шест параметри, вклучувајќи го бројот на поранешни и сегашни вработени кај добитниците на Нобелова награда и Филдсов медал, бројот на трудови објавени во списанијата Nature and Science, бројот на високо цитирани истражувачи според Clarivate, бројот на трудови индексирани во Science Citation Index – Expanded и Social Sciences Citation Index (Web of Science) и перформансите на универзитетот по глава на жител.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека во држава како Македонија која тоне во криминал и корупција, образованието е на последно место и затоа нашата држава е на дното, кога станува збор за образовниот систем а младите се повеќе заминуваат и се школуваат во странство.
ДЕМОКРАТИ секогаш за доброто на Македонија и граѓаните!


