Почитувани Битолчани, сограѓани на Општина Битола

Јас, Јорго Огненовски официјално Ве информирам дека ќе се кандидирам за градоначалник на Општина Битола.
Јавно изјавувам дека, доколку ми ја дадете довербата да бидам Ваш градоначалник на Општина Битола, се обврзувам да работам PRO BONO, во интерес на сите жители на Општина Битола. Ценам дека средствата од ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЛАТА се потребни на некои наши сограѓани, а воедно Ве известувам дека НЕМА ДА КОРИСТАМ СРЕДСТВА ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ, кои можат да се пренаменат за потребите на жителите за Општина Битола.
За оние кои не го познаваат Јорго Огненовски треба да се каже дека е економист/комерцијалист, докажан успешен менаџер, кој имаше две продуценски филмски куќи во Холивуд, каде се појавуваше во улога на продуцент, сценарист, режисер и актер. Беше врвен спортист во поранешна Југославија, повеќекратен шампион во полутешка и апсолутна категорија, а исто со репрезентацијата на поранешна Јуславија има освоено трето место во Европа и петто место во светот.
Грабежи, сиромаштија, уништување и неправди, владеат низ нашата Општина Битола триесет и пет години, благодарение на политичките партии и нивните градоначалници и советници.
Повеќето граѓани живеат во тешка агонија.
Секојдневно цените растат, а куповната моќ на народот се намалува и е на најниско ниво. За жал, граѓаните живеат само да опстанат, без никакви радости и задоволства во животот.
Руинирана Општина Битола, сиромаштија, апатија и безнадежност владее кај граѓаните.
Чувството на безизлезност кај младите, предизвика за жал, масовно иселување во странство, во потрага за вработување и подобар живот. Нашите деца кои ги растевме со голема љубов, сме посветиле многу време, труд, потрошиле пари да ги пораснеме и образоваме, на крајот за жал, ни заминаа. Самото ова, доведува до уништување на нашите семејства.
Ова масовно иселување доведува до губење на работоспособните кадри, кои треба да останат во Општината Битола и да ја градат нашата економија, за подобра иднина на сите граѓани.
Без млади, Битола нема иднина.
Таква Битола не сака ниту еден Битолчанец!!!
Токму ваквите состојби во Битола, ме поттикнаа да размислувам, да се кандидирам за градоначалник на Општина Битола.
Ја користам приликата да се заблагодарам на Политичката партија ДЕМОКРАТИ и нејзините членови, што ми ја дадоа довербата и ме кандидираа за градоначалник на Општина Битола.
Почитувани сограѓани, доколку ми ја дадете довербата да бидам Ваш градоначалник на Општина Битола, сакам и морам да го дадам својот максимален придонес, да се направат вистински промени за подобар живот на сите граѓани и заедно да ја направиме Битола поубава, почиста и економски просперитетна.
Претходно СЕ ОБВИНУВААТ ПОМЕЃУ СЕБЕ, А СИТЕ КРАДАТ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ