САДО-МАЗО СИСТЕМ

Како се вика ситуацијата кога некој те тепа и не ти дава да плачеш, туку те тера да велиш колку ти е убаво, и уште до гроб да му бидеш благодарен што не те убил, а можел?
Или, како се вика ситуацијата кога некој те тера да тепаш и малтретираш други – за да не те тепа и малтретира тебе?
Стручњаците по психијатрија сигурно одредуваат некоја дијагноза за тие што ги прават или трпат овие ситуации, ама на нас ДЕМОКРАТИ ова ни изгледа како фашизам.
Токму вакви се ситуациите во кои се ставени граѓаните на Македонија и клиентелистите на режимот, со помош на садо-мазо системот на затворените листи. Мицко и неговите разбојници со наместени тендери, државен рекет и сите можни начини го крадат буџетот, ги рекетираат најуспешните бизнисмени и го осиромашуваат народот, преку купените медиуми го убедуваат народот дека одлично ни се развива економијата, дека сме во врвот во светот, и кој ќе се буни – уште потешко го маваат, и него и неговите најблиски.
А клиентелистите, за да можат да ги користат сите удобности и привилегии од режимот – мораат да ги исполнуваат сите наредби од „горе“ и да малтретираат недолжен народ, да му измислуваат разни дела и да го казнуваат – затоа што се дрзнал да зборува и работи против партијата и лидерот! Класичен пример за фашизам!
Овие психопатски и ментално и душевно болни ситуации најбрзо и најлесно се решаваат со промена на болниот изборен систем со затворени листи и со воведување на здравиот и квалитетен систем со отворени листи.
Тоа го нудиме ние ДЕМОКРАТИ, и затоа на локалните избори ја бараме и очекуваме Вашата доверба – гласовите од целиот здрав и слободоумен народ! Да го победиме и тргнеме овој фашистички и болен садо-мазо систем, и да си го воведиме нормалниот и здрав систем со отворени листи, како во најразвиените земји !
Гласот за ДЕМОКРАТИ на локалните избори, е глас за спас на општините, државата и народот!
Претходно САМО ОВОЈ ЧОВЕК МОЖЕ ДА ЈА СПАСИ БИТОЛА И ОПШТИНАТА БИТОЛА ОД ПОНАТАМОШНО УНИШТУВАЊЕ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ