НАМЕРНО ПРЕДИЗВИКАН ХАОС ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

ДЕМОКРАТИ чувствуваат должност на јавноста да и ја објаснат ситуацијата која се случува во врска со изборните кандидатски листи на независните кандидати и групи граѓани кои сакаат да се кандидираат на овие избори, без поддршка на некоја од партиите. Имено, хаосот намерно го создаваат и власта и дел од опозицијата (минатата власт), поради своите лоши рејтинзи од катастрофалното владеење во изминатите 35 години.
СДС И ДУИ преку своите партиски инструменти- ДИК и Кондарко, се обидуваат да создадат огромен број на кандидати со што ќе го оневозможат изборниот процес, а власта се заканува со назначување на градоначалници администратори, нормално од своите редови.
Измамата и манипулацијата од страна на криминалните партии кои владеат 35 години е да се има што поголем број на листи за советници и градоначалници од редовите на вистинска опозиција и со тоа сакаат да се разводнат гласовите помеѓу што поголем број листи, за да неможат успешно да им се спротивстават на злото ДПМНЕ-СДС-ДУИ-ВЛЕН-ЗНАМ!
И едното и другото се антидемократски, противзаконски и противуставни дејствија, кои имаат за цел да ги исфрлат нормалните кандидати на чесната опозиција, каде што во моментов лежат преку 150 000 гласови. Овие византиски игри, обликувани како идеални за народот, во концептот дека само со два потписи може да се оди на избори со листа и кандидат за градоначалник, се тројански коњ во срцето на македонската демократија, каде што креаторите на хаосот ДПМНЕ-ВЛЕН-ЗНАМ-СДС-ДУИ ќе плукнат на народната волја и гласачите и ќе ги изманипулираат до крај.
Затоа, бараме како ДЕМОКРАТИ, ДИК да се држи до Уставот и законите, а пратениците да ги изгласаат измените на законот, а не намерно и наменски да создаваат хаос. Изгубените 150 000 гласови нема да ги вратите, а ќе изгубите уште толку со овие постапки.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за доброто на граѓаните и Македонија!

Претходно КАРТА ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ