ОВАА ПОЈАВА ГО ДОВЕДУВА ВО ПРАШАЊЕ ПОСТОЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА!
Премиерот Христијан Мицкоски на настанот Демографски трендови – Заедничка акција за инвестирање и искористување на човечкиот капитал (УНФПА) рече дека:” Во 2024 се родиле само околу 16 илјади новороденчиња, додека нивниот број во 1950 во Македонија бил околу 50.000.”Тој додаде дека:” Во моментов постојат проценки дека во земјата нема повеќе од 1,5 милиони жители како присутно население, а
за 20-25 години ќе бидеме држава под еден милион жители и секој вработен ќе има по еден пензионер, а тоа ќе значи колапс на пензискиот и здравствен фонд,” истакна премиерот.
Вицепремиерот Александар Николоски додаде дека:
” Иселувањето на младите планираат да го запрат со стимулирање во изградбата на куќи по поприфатливи услови и намалување на надоместокот за комуналии и со
активно стимулирање на локалните инфраструктурни проекти во помалите средини, за луѓето да останат таму да живеат и да се намали емиграцијата во големите урбани места за живеење.”
ДЕМОКРАТИ сметаат дека младите масовно се иселуваат и наталитетот драстично опаѓа во државата, поради дивеењето на криминалните политички злосторнички здруженија на ДПМНЕ-СДС-ДУИ-
ВЛЕН-ЗНАМ, нивните банди и нивната тотална негрижа да го спречат иселувањето на младите во Македонија.
За жал, поради тоа, по 10-20 години ќе биде доведено во прашање и постоењето на македонската држава.
За да го спречиме уништувањето ма државата, мораме да ги турнеме од власт злосторничките банди што побрзо.
Затоа Ве повикуваме почитувани граѓани да гласате на локалните избори на 19 Октомври за ДЕМОКРАТИ, заокружете број 29!
ДЕМОКРАТИ секогаш за доброто на граѓаните и Македонија!


