Погледнете што се политички измамници, класичен пример се „независните“ кандидати п од Македонски Брод и Могила. Се кандидирале за градоначалник, ја добиле довербата од граѓаните за втор круг – и се повлекуваат. Независно дали имале притисоци, закани или поткуп, тие измамиле илјадници сожители – кои што сега треба да им плукаат во лице каде и да ги сретнат, ама овие немаат ни малку образ.
Овие ИЗМАМНИЦИ смислиле план како да повлечат што повеќе гласови од другите учесници на изборите, како ДЕМОКРАТИ и добро да се продадат ако влезат во втор круг. Демек тие биле незадоволни од криминалната ДПМНЕ, се кандидирале независни, а сега се колнат во ДПМНЕ како матична партија. Крајно мизерно и несериозно.
Значи, дека, отсега никому не треба да му се верува кога ќе излезе од ДПМНЕ и ќе зборува против нив. Ете какви и колкави патриоти се од ДПМНЕ.


