Македонија оваа година изгубила 509 лекари, според регистарот на лиценци на Лекарската комора.
Според Националната стратегија, подолго време се дисперзираат медицинските услуги за пациентите во внатрешноста, наместо во Клинички центар „Мајка Тереза“.
За жал нормално стана секој пациент да заврши на крај во Клинички центар „Мајка Тереза“ и 70 проценти од пациентите ја црпат здравствената услуга таму, а би требало да ја добиваат на примарно и на секундарно ниво.
Министерот за здравство Азир Алиу најави дека 205 милиони евра од Програмата на Обединетото Кралство ќе се искористат за градење и реконструкција на објекти во Штип, Тетово а во Кичево ќе се гради нова болница.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека здравството во државата е во тотален хаос и пред колапс. Подолго време нема доктори и медицински сестри кои масовно заминуваат во приватното здравство и надвор од државата и нема доволно нови специјализанти.
Поради тоа нема доволно доктори специјалисти, и граѓаните се приморани да патуваат во други градови или да одат во приватното здравство.
ДЕМОКРАТИ го прашуваат министерот за здравство Алиу, дали има решение за овој проблем или си прави планови каде ќе се трошат парите од кредитите?
ДЕМОКРАТИ бараат од неспособниот и нестручен министер за здравство Алиу да си поднесе оставка, поради тоа што ништо нема направено добро откако е на функција, напротив, не е способен да го спречи тоталениот хаос во здравството.
ДЕМОКРАТИ ВЕЛАТ: КАКВА ВЛАДА, ТАКВИ МИНИСТРИ!
ДЕМОКРАТИ секогаш за доброто на граѓаните и Македонија!


