Мицкоски исклучително задоволен од Извештајот на Европската комисија, немало уназадување??!!
“Да ги направиме уставните измени, најдобри ќе бидеме и потоа да добиеме ново вето и повторно нови проблеми и тогаш сигурно ќе добиеме петка и ќе бидеме шампиони.” Вака премиерот Христијан Мицкоски го коментираше најновиот извештај на ЕК за напредокот на Македонија, во кој комисијата го потенцира усвојувањето на уставните измени, за вклучување на Бугарите во Уставот.
Според Извештајот,
Македонија треба да ги интензивира напорите за почитување на владеењето на правото, особено преку заштита на независноста и интегритетот на судството и засилување на борбата против криминалот и корупцијата.
Додека пак, Еврокомесарката за проширување истакна дека, Македонија мора да ги донесе уставните измени, за да напредува кон ЕУ.
Мицкоски не се согласува со констатацијата дека има некои други земји кои што се пред нас.
Според него
„ Ние сме многу пред Албанија. Објективна оценка е дека Црна Гора е прва, второто место сме ние и Србија, па потоа доаѓаат Албанија, БиХ, Косово, “, рече Мицкоски.
Мицкоски тврди обратно, дека сме меѓу првите и тој бил фокусиран на реформите, која шарена лага??!!
ДЕМОКРАТИ го прашуваат Мицкоски, за какви реформи зборува тој и за каков напредок?
Мицкоски наместо да се бори против криминалот и корупција, тој овозможи криминалот и корупцијата да царуваат во државата, а наместо реформи во судството и јавната администрација има целосна партизација во институциите во државата.
ДЕМОКРАТИ секогаш за граѓаните и Македонија!


