Додека во Бугарија граѓаните и студентите протестираат против драфт буџетот за 2026 година и бараат изработка на нова верзија на буџетот, кај нас апатија, тишина и молк после секое скратување и удар по грбот на граѓаните, од страна на властите.
Во Македонија, Владата го скрати буџетот за студентскиот стандард за 7.3 милиони евра. Студентите повторно излажени и освен ваучерите од 250 евра, кои не се доволни да си купат ни најефтин компјутер, не добија ништо за подобрување на студентскиот стандард.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека Владата повторно крати таму каде што не треба, наместо да го подобри студентскиот стандард, ги залажува студентите со мизерни ваучери.
Студентите и граѓаните апатични и како да немаат свест што им се случува, воопшто не реагираат кога државата им ги одзема правата што им припаѓаат.
Повеќе од очигледно е дека властите ги користат и манипулираат студентите, како гласачко тело, кое им е потребно само за избори, како и пензионерите и останатите граѓани.
Ако младите генерации се иднината на едно општество, тогаш молкот и апатијата не водат никаде освен кон распаѓање на општеството.
Поради тоа, ДЕМОКРАТИ им даваат целосна поддршка на студентите и апелираат да го кренат својот глас и да се борат за своите права, наместо да молчат и да заминуваат во странство.
ДЕМОКРАТИ секогаш за доброто на граѓаните и Македонија!


