СМЕТКАТА ЗА СТРУЈА Е ЛЕГАЛНА КРАЖБА, ПОТПОМОГНАТА ОД ДРЖАВАТА

Зошто сметките за струја се двојно повисоки од потрошената струја?
На пример за потрошени 5000 денари за струја, ЕВН ве принудува да платите 9600 денари или плус 4600 денари од она што сте го потрошиле.
Појаснување во два реда подолу под ставката „потрошена енергија“:
1. Дистрибуција на енергија: 2300 денари (за жиците).
2. Пристап до електроенергетскиот систем: 2300 денари( за броилото) .
Ниедна нормална држава не му наплаќа на граѓанинот двапати за истата енергија.
Ова не е сметка – ова е легална кражба, потпомогната од државата и тоа се случува со години.
Со воведување на Блоковите 1, 2 и 3, колку повеќе трошите, толку повеќе се зголемува плусот на двете точки за кражба (жици и броило за часови).
ДЕМОКРАТИ го прашуваат јавно премиерот Христијан Мицкоски, до кога ЕВН ќе врши легална кражба на сметките за струја на граѓаните и дали ваква кражба има во друга држава, освен во Македонија?
ДЕМОКРАТИ укажуваат подолго време на оваа легална кражба и предлагаат ЕВН да издаваат реални сметки за потрошена електрична енергија, наместо двојно повисоки.
Додека народот апатично си ги плаќа енормно високите сметки за струја, наместо да излези на улица, да протестира и да се бори против ваквата легална кражба од државата, властите и понатаму ќе продолжат да го крадат народот и државата!
ДЕМОКРАТИ секогаш за доброто на граѓаните и Македонија!
Претходно Апатија ќе ни го уништи животот и Македонија!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ