Австралија стана првата земја во светот што им забрани на децата под 16 години да користат социјални медиуми, со цел да ги заштити од
содржина што може да им наштетатна здравјето и благосостојбата.
Ќе бидат забранети следните платформи: Facebook, Instagram, Snapchat, Threads, TikTok, X, YouTube, Reddit и услугите за стриминг Kick и Twitch. Додека пак платформите за социјална интеракција,комуникација и објавување содржини,
како YouTube Kids, Google Classroom и WhatsApp не се забранети.
За прекршувања, компаниите ќе се соочуваат со казни до 49,5 милиони австралиски долари, додека децата и родителите нема да бидат казнети.
Според истражувањето направено во Австралија, 96% од децата на возраст од 10 до 15 години користат социјални медиуми, а дури седум од десет биле изложени на штетни содржини и снимки од насилство, како и информации што предизвикуваат нарушувања во исхраната, однесувањето, па дури и самоубиства.
Македонија нема да ги следи овие промени, истакна министерот за информатичка трансформација Стефан Андоновски и им порача на родителите да водат повеќе грижа за тоа.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека забраната за користење социјални мрежи за деца под 16 години, е сосема оправдана и децата помалку ќе бидат изложени на штетни влијанија од негативни информации,и треба да се применат овие мерки и кај нас.
ДЕМОКРАТИ јавно ја прашуваат Владата дали размислува во овој правец да ги заштити младите од негативните влијанија на социјалните мрежи, како другите држави?Додека во повеќе европски земји се воведени строги правила за заштита на младите луѓе од штетни содржини или родителска согласност за користење на социјалните медиуми во нашата држава не е преземено ништо на тој план.
ДЕМОКРАТИ секогаш за доброто на граѓаните и Македонија!


