САМО НЕЛУЃЕ МОЖАТ ДА ГО НАМАЛАТ БУЏЕТОТ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО РЕТКИ БОЛЕСТИ

Повторно и повторно државата крати таму каде што не треба.
Намалувањето на буџетот за пациентите со ретки болести е одговорност на министерството за здравство, според изјавата на неспособната министерка за финансии Гордана Димитриевска Кочоска.
“Секоја институција си добива лимит, како ќе го распредели. Јас не можам да одговарам на прашањата зошто е скратено за ретки болести, приоритетите ги одлучуваат министрите сами”,изјави таа.
Од Здружението на граѓани за ретки болести “Живот со предизвици“ изјавуваат дека ова е прв пат буџетот да биде намален. Апелираат до надлежните да се поправи грешката, се со цел пациентите да имаат сигурна иднина, а тоа може само доколку имаат непрекината терапија.Од здружението апелираат да се поправи грешката и да не се чекаат ребаланси.
Секоја година од 2015 па наваму буџетот за ретки болести се зголемува, ова е прв пат да биде намален, со оглед на тоа дека бројот на пациентите се зголемува. Според последните информации во Македонија има над 1000 лица со ретки болести.
ДЕМОКРАТИ јавно ја прашуваат министерката Кочоска, дали е хумано да се скрати буџетот за ретки болести кога бројот на овие пациенти е во пораст, секојдневно.
ДЕМОКРАТИ бараат ИТНА оставка на неспособната министерка за финансии, која често не знае што зборува.
Финансирањето на здравствените услуги за пациентите со ретки болести не се обезбедува исклучиво преку основната програмска ставка, туку се надополнува и со средства од посебни законски извори, а министерството за финансии не треба да крати таму каде што животите на луѓето се во опасност, тоа е крајно нехумано и нечовечки.
ДЕМОКРАТИ секогаш за доброто на граѓаните и Македонија!
Претходно КРИВИ СЕ ОНИЕ ШТО ГО ПОДДРЖУВАА И ГЛАСАА!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ