“БЕЗБЕДЕН ГРАД” Е САМО ШМИНКА

Да се воведе закон за потекло на имотот – и ќе видите како Македонија станува Безбеден град без ниедна камера.
Ама тој закон не ви одговара никако, нели?
Зошто?
Затоа што камера не снима куќа од пола милион што се појавила од никаде.
Камера не снима како службениче со плата од 40.000 денари вози кола од 100.000 евра.
Камера не снима тендер што се дели зад затворена врата.
Камера не снима имот што се префрла на баби, дедовци, тетки и фантом фирми.
КАМЕРА НЕ СНИМА ЗГРАДИ ШТО РАСТАТ КАКО ДИВОГРАДБИ, СО УКРАДЕНИ ЦРНИ ПАРИ ОД ТЕНДЕРИ, ДРОГА, РЕКЕТ, НЕПЛАЌАЊЕ ДАНОК!
А закон за потекло на имотот снима СЕ – од првата плата до последниот квадрат! И токму затоа не сме во ЕУ, не заради Бугарите! 30 години го најавуваат, го ветуваат, го ставаат во програми… за потоа да има – тишина.
Сите знаат дека ако се донесе, ќе им се тресат рацете на сите. Контроли, фискални, не платил 20.000 денари персоналец, не замајуваат со глупости додека Македонија е една од најголемите перални за црни и украдени пари!
“Безбеден град” е шминка.
Вистинската безбедност, вистинската правда – почнува од тоа кој што има, од каде му е, и дали е чесно стекнато.
И тоа е наједноставната, најпотребната, најболна реформа која никој не сака да ја направи – бидејќи е опасна за нив, а корисна за народот. Тие се чуваат себе си и нивниот капитал создаден со црни и крвави пари. Ако се оданочат сите црни пари и нелегални инвестиции во Македонија со само 15 проценти, економистите велат дека во касата ќе се слеат 100 милијарди евра.
Да, добро читате. Не скапаните 7 милијарди од Британија за доселување на мигрантите, кои нашите внуци и паравнуци ќе ги враќаат! ПАРИТЕ СЕ ТУКА, МИЦКОСКИ, САМО ШТО СЕКОЈ ОД ВАС ЌЕ ТРЕБА ДА БРЦНЕ И ВО СОПСТВЕНИОТ ЏЕБ. БАРЕМ 15 ПРОЦЕНТИ!
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за доброто на граѓаните и Македонија!
Претходно ЗА ПАРИ И МАКЕДОНИЈА ЈА ПРОДАВААТ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ