Според најновите податоци на Евростат, Македонија е на трето место во Европа според стапката на фемицид. Со регистрирани 6 убиени жени на еден милион жители, земјата се наоѓа веднаш зад Латвија, каде стапката изнесува 17 жртви на милион жители, и Литванија со 10 жртви на милион жители.
Овие бројки значително го надминуваат просекот на Европската Унија, кој изнесува 4,1 убиена жена на еден милион жители. Анализата укажува дека проблемот со родово базираното насилство е сериозен безбедносен и општествен предизвик, особено во земјите од Источна и Југоисточна Европа.
Статистиката дополнително покажува дека во рамки на Европа, жените се изложени на двојно поголем ризик да бидат убиени од близок член на семејството или од интимен партнер, во споредба со мажите, што ја нагласува поврзаноста меѓу фемицидот и семејното насилство.
За разлика од Македонија и балтичките земји, најниски стапки на вакви убиства се евидентирани во Грција со 1,8 жртви на милион жители, Шпанија со 2, како и Холандија со 2,3 убиени жени на еден милион жители.
За жал властите кај нас немаат ниту стратегија ниту пак се почитува законска регулатива при случаи на родово насилство и жените не се заштитени од насилниците.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека нашата држава има
потреба од поефикасни политики за превенција, заштита на жртвите и системска борба против родово базираното насилство.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за доброто на граѓаните и Македонија!


