Бадентерот е многу корисен и здрав механизам за држава и општество како што е нашето, но само во политички орган како Собранието, а додека пак секаде на друго место создава аномалии, смета претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.
Тој нагласува дека ако тоа се случи во орган како Уставниот суд „граѓаните во истиот момент може да заборават на правната држава”, а власта може да стави клуч на врата на институцијата. Првиот човек на Уставен суд така му одговори на барањето на Али Ахмети и ДУИ, Уставниот суд да носи одлуки со бадентерово мнозинство.
Исто така Костадиновски истакнува дека во орган како Уставниот суд, што е контролор на Собранието кое треба да носи закони, вклучително и со Бадентерово мнозинство, нема потреба од постоење на таква институција, а притоа и граѓаните може да заборават на правна држава. Истото важи и за други органи, како Бадентер во Судски совет, кој не е политички орган.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека Бадентер е повеќе штетен отколку корисен во една правна држава и во судовите не смее да се гласа етнички и не смее да има етнички, ниту социјални, верски или општествени разлики.
Ако тие разлики ги внесеме во судница, по било кој основ, и ако тоа се пресудни аргументи за одлучување, тогаш судиите не се судии и ние немаме судство.
Судиите имаат една и единствена должност и заклетва пред Собранието – да ги штитат законите и чуваат Уставот.
ДЕМОКРАТИ секогаш за правна и функционална држава!


