ЛУДИЛО НА МИЦКО

Секогаш кога ќе се случи некоја голема трагедија во државата, како онаа во Кочани или кога ќе се случи некоја голема афера која власта сака да ја скрие или заташка, се појавува големиот лидер и автократ кој вели: „Еве, за се нека сум јас крив, мене обвинете ме за се’ оставете ги сите други, јас нека сум крив за се’!“. Тој така се прави голем човек, заштитник на своите послушници, но во суштина тоа е и токму така – тој и навистина е крив за се’, и токму тој впрочем и најмногу треба да одговара!
Го слушаме Мицко како за Кочани и за сите партизации, задолжувања и големи проблеми во државата, на родителите и на сите им вели: Еве, нека сум јас виновникот за се’, мене обвинете ме и оставете ги сите други, јас ќе одговарам – знаејќи дека има функционерски имунитет, дека ги има под контрола и обвинителството и судството, и дека никој од нив нема да има ниту смелост ниту основа да го обвини за се. Ова е тотално лудило, тој што е најодговорен и највиновен за се’ во државата тоа јавно да го признава, да бара да биде обвинет и гонет – и никој ништо да не му може! Тој го промовира и поддржува системот на затворените листи и криминалниот Изборен закон, тој систем него го штити и му дава моќ, и затоа овој мисли дека може да прави што сака во државата – без никакви последици!
На ова лудило во државата можеме да му ставиме крај само ние ДЕМОКРАТИ и народот, затоа што знаеме од каде произлегува оваа моќ на премиерот Мицко, вака безобразно и дрско да го провоцира народот и да ја контролира целата држава – од коруптивниот и криминоген Изборен закон со затворени листи.
Само ние ДЕМОКРАТИ знаеме како да го искорениме ова лудило – со ИТНО воведување на целосно отворените изборни листи и промена на криминалниот Изборен законик во Македонија!
Првиот чекор не ни го поддржавте на локалните избори, повеќето го поддржавте тоа лудило на затворените листи и криминалниот Изборен закон да продолжи со гласањето за душманите на Македонија или со апстинирањето на изборите, и затоа следна можност да го завршиме ова лудило се парламентарните избори.
Затоа уште од сега ние ДЕМОКРАТИ ја бараме и очекуваме Вашата поддршка за воведување на здравиот, чесен и квалитетен систем на отворените изборни листи и фер и демократски Изборен закон со чие воведување дефинитивно му ставаме крај на ова лудило во Македонија!
Доколку веднаш не го искорениме ова лудило – може да ја загубиме и државата!
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за доброто на граѓаните и Македонија!
Придружете ни се во ДЕМОКРАТИ!
Претходно МОРА ДА ГИ ЗАБРАНИМЕ БРЗИТЕ КРЕДИТИ ЗА СПАС НА СИРОМАШНИТЕ ГРАЃАНИ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ