Скапотијата не запира, кошничката се полесна, а џебот се попразен. Кај најголем број од граѓаните, “Новогодишната кошничка” ќе биде празна.
Според синдикалците, вредноста на синдикалната минимална кошничка за месец декември 2025 година изнесува 65.492 денари. Споредена со вредноста на синдикалната минимална кошничка за месец ноември 2025 година, која изнесуваше 65.173 денари е зголемена за 319 денари.
Синдикалците пресметаа дека за месец декември е потребна сума од 23.648 денари само за најнеопходните прехранбени производи.
Следуваат сметките за домување кои се околу 6.000 денари. Потоа трошоците за набавка на облека и обувки кои достигнаа 5.800 денари. За рекреација и култура за последниот месец од годината синдикалците пресметале дека се потребни 5.500 денари, додека пак 7.000 илјади денари изнесуваат трошоците за образование, 4.600 денари за транспорт, 1.100 денари за здравствени услуги, се разбира на државно и тоа најнеопходните прегледи и медикаменти. За ресторански услуги нешто над 4.000 денари и за комуникации се потребни околку 3.500 денари.
Владата на дневен ред не го става стандардот на граѓаните, ниту синдикалната кошничка, а уште помалку минималната плата.
Тоа што е ново на оваа тема, се ново најавените потрошувачки кошнички кои ги најави власта и ќе бидат повеќе.
Со “Новогодишна кошничка” граѓаните ќе можат да купат повеќе од 900 производи со пониски цени од најмалку 10%, според изјавата на заменик министерот за економија Марјан Ристевски. За жал тоа ќе биде само во периодот од 15 декември до 15 јануари.
И покрај тоа, сепак “Новогодишната кошничка” останува празна кај најголем дел од
граѓаните.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека крајно време е власта наместо да пресметува потрошувачки кошнички и да ги залажува граѓаните со божем пониски цени, веднаш да ја зголеми минималната плата најмалку на 40.000 денари и да го запри енормниот раст на цените.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за доброто на граѓаните и Македонија!


