ТОТАЛНАТА ПАРТИЗАЦИЈА ЈА УНИШТИ ДРЖАВАТА

Изборот на в.д. обвинителка Анита Топалова Исајловска е уште еден доказ за тотална партизација на иституциите.
Власта на Мицкоски со невидена ароганција го става обвинителството и судството под своја целосна партиска контрола.
Ова не е реформа, ова е узурпација на правдата и ставање целосна контрола над обвинителството, со цел заташкување на сите предмети што водат до власта, за спас од одговорност за криминалните тендери и корупцијата, која царува во државата.
Анита Топалова Исајловска е обвинителка која бараше укинување на предметот „Талир”, предмет за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, во кој беше обвинет и Никола Груевски.
И ова сигурно не е случајно?!!!
Таа е сопруга на Илија Исајловски, поранешен заменик-министер од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е класичен пример за партизација, непотизам и
партиска лојалност?!!!
Исто така во декември 2024 година, за член на Судскиот совет беше поставена Данка Ристова, сопруга на поранешниот градоначалник на Радовиш Ацо Ристов, од ДПМНЕ.
За жал, продолжуваат партиските номинирања за подобни судии, во јули 2025 година, за претседател на Кривичниот суд беше избрана судијката Данела Димовска, која беше 11-та рангирана на листата. Инаку Данела Димовска беше асистентка на пратеникот Влатко Ѓорчев и советничка на претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, а незиниот сопруг е вработен во кабинетот на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
ДЕМОКРАТИ се борат против партиските криминални вработувањата, против истата матрица и истата заробена држава, како во времето на Груевски. За Мицкоски проблемот не бил партизација на судството, туку поставување на нивни подобни судии кои ќе ги штитат нивните криминални дејствија и нивната криминална партија ДПМНЕ!
Со ова рокада на судии и јавни обвинители, мисли ќе ја постигнато целта, на тотална контрола над судството и јавното обвинителство, но, за жал, колку да се труди со неговите дригарчина – криминалци, нема да ја постигне целта и да се спасат од раката на правдата!
За сега, правдата се гуши, целосно под контрола на власта, институциите се потполно партизирани, а државата наместо напред, се враќа години наназад.
ДЕМОКРАТИ секогаш за правна и функционална држава!
Претходно ДЕМОКРАТИ им го честитаат 25 Декември-БОЖИЌ на сите припадници од католичката вероисповед!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ