ФАЛБИТЕ НА НЕСПОСОБНАТА МИНИСТЕРКА ЈАНЕВСКА

На средба со новинарите министерката Весна Јаневска рече дека процесите се движат добро и е задоволна што почнува да се реализира она што требало многу порано.
Таа најави поголем буџет за наука и повисоки плати за наставниците од 7,5 до 10 %, во 2026 година.
Исто така таа најави значајни промени во средното стручно образование, нов концепт на државна матура, нови закони за високото образование, како и
продолжување на воведувањето едносменска настава и електронски свидетелства.
Меѓу најзначајните новини се построгите критериуми за напредување во академски звања и за реизбор на универзитетските професори.
Јаневска посочи дека ќе има нов софтвер за plagijati.mon.gov.mk – алатката за откривање препишани трудови и најави т.н. „ѕид на срамот“ на кој ќе се објавуваат несоодветни трудови, магистратури и докторати кои се на ниво на ученички трудови.
ДЕМОКРАТИ се згрозени од “фалбите” на неспособната министерка Јаневска, која уште да најавеше дека “ќе процветаат рози” во образованието.
ДЕМОКРАТИ бараат неспособната министерка Јаневска ИТНО да си даде оставка и да престани да го уништува и така уништениот образовен сектор. Сите новини кои ги воведе, имаат негативни ефекти и наместо да направи нешто добро и корисно за учениците, студентите и наставниците и професорите таа се занимава со некои тотално небитни работи како на пр. едносменски училишта, електронски свидетелства, нов електронски дневник,нов софтвер, новини во оценувањето и сл.
Исто така ДЕМОКРАТИ предлагаат таа да престане со лаги и приказни дека го подобрила стандардот на просветните работници, кои едвај преживуваат со своите мизерни плати и си го плаќаат превозот до работа од сопствениот џеб.
ДЕМОКРАТИ подолго време предлагаат да се подобри стандардот на просветните работници минимум 60 000 денари, да ним се исплаќаат
патни трошоци, да има законски унапредувања во звања, а не само за партиски послушници,да не се купуваат дипломи, да имаме бесплатно образование,
учебници и топол оброк за учениците.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за доброто на граѓаните и Македонија!
Претходно ИТНО ДА СЕ ДОНЕСИ ЗАКОН ЗА ПОТЕКЛО НА ИМОТОТ И КОНФИСКАЦИЈА НА УКРАДЕНОТО ОД 1991 ГОДИНА!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ