ДЕМОКРАТИ:
АКО СТЕ ,,СПЕЦИЈАЛНО ТРАУМАТИЗИРАНА”, ПРЕТСЕДАТЕЛКЕ ГОРДЕ ЗА ОСУДЕНИТЕ ОД 27 АПРИЛ, ЗОШТО НЕ ГИ АМНЕСТИРАВТЕ ОД КОГА СТАНАВТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА МАКЕДОНИЈА, КАКО ШТО БАРАА ДЕМОКРАТИ, А АМНЕСТИРАВТЕ ТЕШКИ КРИМИНАЛЦИ?!
“Специјално сум трауматизирана, за време на мојот мандат починаа тројца осудени!” Со овие зборови Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, го сподели своето лично соочување со последиците од настаните од 27 април и затворските услови на осудените.
Таа истакна дека се чувствува „специјално трауматизирана“ поради смртните случаи во затворите, на лица кои според неа служеле драконски и несоодветни казни. Таа посочи и дека постојат сериозни сомнежи за начинот на кој се воделе судските процеси и како биле одредувани казните за осудените од 27 април.
ДЕМОКРАТИ ја прашуваат јавно Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, зошто не ги амнестира осудените од 27 април, кога стана претседателка, како што бараа Демократи, а амнестираше тешки криминалци и нарко-дилери?
ДЕМОКРАТИ исто така ја прашуваат да одговори зошто не се подобрени условите во затворите согласно светските стандарди и дали таа чувствува морална одговорност за тоа како затворениците живеат во такви услови?!!!
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за правна и функционална држава!


