Триста лица – болни од хемофилија повеќе од шест месеци се оставени без лекови, поради нераспишан тендер да се набави лекот ,,Фактор 8″!
,,Образложението” од надлежните, како што кажуваат пациентите било: ,,да поминат изборите, да поминат празниците…!” Како се осмелуваат да повикуваат на такво трпение за чекање, кога здравјето на 300 лица е доведено во прашање, а грижата на државата кон лицата со хемофилија е сведена под најниското ниво!
ДЕМОКРАТИ апелираат до Министерството за здравство, до министерот Азир Алиу и до премиерот Мицкоски, без понатамошни одлагања ИТНО, да се обезбеди целосна и континуирана набавка на лекот, како и системско решение со кое ќе се гарантира дека прекин во терапијата за болните од хемофилија, никогаш повеќе нема да се повтори.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека здравјето на граѓаните, владата не смее никогаш да го доведе до прашање, поради нејзината неспособност и
нехуманост.
Обврска на државата е да обезбеди навремен и непречен пристап до неопходните лекови, особено за пациентите со ретки и тешки хронични заболувања.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за доброто на граѓаните и Македонија!


