Да резимираме… Од судскиот совет од 5 судии за случајот „27 Април“, имаме:
Енвер Беџети – црнолисташ вмешан во корупција и одолговлекување
Ѓоко Ристов – осомничен за висока корупција и прикривање докази
Тања Милева – ако не се лажам, сопруга на член на ДИК делегиран од СДСМ, значи високо позициониран во СДСМ.
Јани Нича – ја пушти Катица од притвор, па Вилма сакаше да го „истресе од гаќи“
Остана само Лирије Елези, за која немаме информации- или добро стои „под радарот на јавоста“.
Ама „пресудата“ нивна, што во основа ја потврди Кацарска – стои валидна. Правосудна. Луѓето лежат, умираат понекои излегуваат. Ама по осум години. Со „терористи“ , кои не може да извадат пасош. Од кои пола не биле на местото на настанот…
И после 2% доверба. Многу… многу… 0.2% е во рамките на очекувањата.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за доброто на граѓаните и Македонија!


