Македонија со години се наоѓа меѓу земјите со најинтензивно иселување во светот и заминување на млади и квалификувани луѓе.
Според проценките на Светската банка, околу 40 % од високообразованиот кадар веќе ја напуштиле земјата. Тој одлив на млади кадри носи огромни ќ загуби, кои неофицијално се мерат во стотици милиони евра годишно, кои завршуваат во туѓи економии, во други системи, кои знаат како да ги задржат квалитетните млади луѓе.
Млади инженери, лекари, ИТ-стручњаци, луѓе со ретки технички вештини – сите барани и добро платени надвор, тука се чувствуваат како да тапкаат во место и без иднина.
Економските аналитичари пак, велат дека „државата игра опасна игра, затоа што најкреативните и највредните луѓе заминуваат во момент кога се најмногу работоспособни и најпотребни.
И така, годините поминуваат, иселувањето расте, а властите не го решаваат овој проблем.
Кога заминуваат луѓе што можат да создадат нови бизниси, да донесат технолошки достигнувања, да подигнат продуктивност… државата губи генерации потенцијал. Тоа не се гледа веднаш, но после пет или десет години веќе ништо не е исто.
На крајот останува впечатокот дека Македонија нема проблем со таленти – туку со тоа, да ги задржи талентите.
Тивкиот одлив на мозоци ја остава Македонија без иднина. Луѓето заминуваат, Владата и државата немаат ефикасни мерки, ниту пак стратегија за да го спречи или намали иселувањето на младите.
Кога ќе стигнеш до точка каде недостига кој да работи, тогаш веќе не станува збор само за пари, туку за одржливост на целото општество и опстанок на Македонија!
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за доброто на граѓаните и Македонија!


