НАРОДОТ ГЛАДУВА, А ОПШТИНИТЕ ТРОШАТ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ

Според истражувањето на Електронскиот систем за јавни набавки, 36 општини во земјава имале тендерски постапки за новогодишно украсување, во пресрет на 2026 година, а досега објавените договори се во вредност од околу
785 000 евра.
Во 80 % од тендерите учествувала само една фирма. Покрај Град Скопје и 6 општини во Скопје, склучиле договор со фирмата Линк Медиа Плус од Скопје.
Од вкупно 36 општини, 31 доставиле податоци за склучените договори,
додека останатите општини сè уште не ги објавиле договорите.
Се очекува конечната сума дополнително да се зголеми со објавување на податоците од преостанатите општини.
Најмногу средства за украсување потрошила Општина Штип со над 81 000 евра, потоа Град Скопје со околу 69 000 евра, а општините Центар, Чаир, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров и Карпош, потрошиле околу 285 000 евра.
Ова е повеќе од една третина од сите пари потрошени за украсување во земјата.
Дополнително, речиси сите договори, 30 од вкупно 32, се склучени во декември, дел од нив само две недели пред Нова година, со што се ограничени можностите за учество на повеќе фирми.
ДЕМОКРАТИ се згрозени од ваквите “наместени тендери” од власта, и бараат под ИТНО, да се престани со трошење милионски суми – народни пари, додека народот гладува и едвај преживува!!!
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за доброто на граѓаните и Македонија!
Претходно МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ТРЕБА ДА БИДЕ 60.000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ