НЕ СМЕЕМЕ ДА ГИ ПРОДАДЕМЕ ПРИРОДНИТЕ РЕСУРСИ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ, ТУКУ ДРЖАВАТА ДА ИНВЕСТИРА ВО ЕЛЕКТРАНИ И ДА БИДАТ ВО СОПСТВЕНОСТ НА ДРЖАВАТА И НАРОДОТ

Премиерот Христијан Мицкоски, во своето видео обраќање од Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија истакна дека имал “многу успешни” средби со голем број компании.
Премиерот се пофали
дека тој бара и има заинтересирани инвеститори, да инвестираат во нашите природни ресурси за производство на електрична енергија.
Поточно тој ги продава нашите природни ресурси за производство на електрична енергија на странски инвеститори, кои би ни продавале многу поскапа струја, и кои ќе истваруваат голем профит на наша штета, наместо да не заштити и ние како држава да ги користиме во наша корист.
ДЕМОКРАТИ сметаат, за жал, да ги нудиш природните ресурси за производство на електрична енергија на странски инвеститори не е никаков успех, туку напротив, тоа е распродажба на природните богатства на штета на државата и граѓаните (криминален акт) и неспособност на Владата да ја води успешно, економски државата.
Наместо државата да инвестира во енергетиката и да гради електрани кои ќе бидат во сопственост на државата-народот, и ќе произведува поефтина струја за граѓаните на Македонија, тој преговара за распродавање на природните ресурси на странски инвеститори, на штета на Македонија и да лапни ,,ПРОВИЗИЈА”.
Со ваквите криминални потези-распродажба на природни ресурси од државата, народот ќе плаќа енормно повисока цена на струјата, доколку влезат странски инвеститори во секторот енергетика.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за доброто на граѓаните и Македонија!
Претходно ЛАЖЕШ – ТРУЕШ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ