Епа драги горди битолчани нека ви е на здравје, гласавте – гледајте ! А и на сите нас со вас !
Вашиот сакан премиер Мице ви ја започна градбата на регионалната депонија во Битола, со која од град на конзулите се претворате – во град на ѓубреџиите ! Прекрасна Божиќна честитка од Мицко, и од вашиот сакан старо-нов градоначалник Коњановски !
Ние од другите делови на Македонија не треба да се ситиме, затоа што ѓубрето кое го изгласувате на избори не знае ништо друго освен да јаде и троши, да прави ѓубре и да ја претвора цела Македонија во својата природна средина – во голема европска и светска депонија !
Ова не е ништо чудно туку логичен редослед на работите, затоа што коруптивниот и криминален систем со затворени листи секаде, па и кај нас, го става ѓубрето од луѓе во политика, а чистите и чесни луѓе ги брка. Ова политичко ѓубре го става најголемото ѓубре од луѓе на функции и пратеници, ја заробува државата со најголемото партиско ѓубре, и ја претвора целата држава во голема депонија. Чистите и квалитетни луѓе ги брка од државата, додека валканите луѓе ги валкаат и оние чисти што остануваат, па како и свињите во калта, така и овие ѓубриња од луѓе уживаат во депонијата. Колку што е повалкана – толку им е поубаво ! Па уште и ѓубретарските заробени медиуми постојано трубат колку убаво ни мириса ѓубрето !
И што е најлошо, најголемото наше политичко ѓубре од луѓе оди по светот и ја нуди нашата убава Македонија за голема светска депонија, да го прима најголемото ѓубре од луѓе и материјали кај нас, кое никаде во светот не го сакаат затоа што таму ги труе, и сакаат тоа дебело да си го наплатат – во милијарди евра. А ние потоа треба да се труеме со тоа ѓубре, и човечко и секакво, да се гордееме дека сме меѓу првите ѓубреџиски држави во светот, и дека најмногу можеме да траеме и да трпиме ѓубре. Ете зошто меѓународната го поставува и трпи Мицко, за од Македонија да направи – Македепонија !
Ако сакаме и државата и сите места поединечно да не ни бидат депонии, треба најнапред да го промениме коруптивниот, криминален и ѓубретарски изборен закон со затворени листи, и да ги воведеме итно Отворените листи, кои најбрзо и најквалитетно од корен ни ја чистат државата од најголемото човечко и секакво ѓубре. За Отворените листи во Македонија засега вистински се борат само ДЕМОКРАТИ, на чело со Претседателот Јорго Огненовски. Затоа да станеме веднаш сите во поддршка на ДЕМОКРАТИ и на Јорго – против изградбата на регионалната депонија во Битола ! Сите да кажеме: И јас сум демократ, и јас сум Јорго, и јас сакам Отворени листи и чиста Македонија ! Да не дозволиме нашето ѓубре од власт да ни ги претвори Битола и Македонија во најголеми светски депонии!
Нека ни се честити Божиќните празници, и со божја помош сите заедно да ги одбраниме и Битола, и Македонија, и нашите најмили од ова најголемо човечко ѓубре, кое ни ги загрозува животите и сака да ужива во нашите пари, додека од нашата држава и нашите животи прави – светска депонија !
(Ако ти се допаѓа, ако се согласуваш и ако смееш – сподели !)


