ФИНАНСИСКА КАТАСТРОФА – ЗЕМАМЕ КРЕДИТИ ЗА ДА ВРАЌАМЕ КРЕДИТИ

Владата наместо да ја признае дупката во буџетот, од милијарда евра, тие новото задолжување го објавуваат како успех на Министерството за финансии и како триумф на економијата!
Неспособната министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска се пофали со „импресивната“ побарувачка од странски инвеститори кои понудиле над 4 милијарди евра за десеттата еврообврзница во износ од милијарда евра, и кажува приказни за успех, наместо да признае дека ни се случува финансиска катастрофа!
Повеќе долгови значат поголеми камати, помалку средства за социјални програми, здравство, образование, инвестиции во капитални проекти и поголем ризик од криза ако глобалните каматни стапки пораснат.
ДЕМОКРАТИ бараат објаснување од неспособната министерка за финансии, за дупката во буџетот која постои. Таа наместо да се фали со новото задолжување, треба да објасни како ќе обезбеди одржливост на финансиите, без постојано потпирање на странските кредити. Каматната стапка од (3,8 %)
е само фасада, зад која се крие сурова реалност. Ова задолжување е директен одговор на проблемите со финансиите и буџетскиот дефицит. Земјата се задолжува повторно, по цена на зголемување на вкупниот долг, кој веќе надминува 60 % од БДП според ЕУ-стандардите.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека дефицитот не исчезна, туку само долговите се префрлени на идните генерации, и на Македонија и се случува финансиска катастрофа-земаме кредити за да враќаме кредити.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за доброто на Македонија и граѓаните!
Претходно ЗОШТО МАКЕДОНЦИТЕ И АЛБАНЦИТЕ СЕ ИСЕЛУВААТ???

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ