МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ ОД ЗНАМ ИЛИ Е ЛУД ИЛИ НЕ ПРАВИ ЛУДИ СИТЕ ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА

Скоро две години, Игор Филков е Министер за правда од политичката партија ЗНАМ.
Неодамна на прес-конференција тој изјави: ,,Граѓаните со право прашуваат каде е правдата кога предмети за висока корупција со години стојат без разрешница.
Во изминатиот период, јавноста беше сведок на настани и случаи кои дополнително ја засилија загриженоста околу интегритетот, одговорноста и функционирањето на судството и обвинителството. Таквите појави не смеат да се релативизираат, ниту да се игнорираат. Кога предмети за висока корупција стојат со години без разрешница и кога очигледни сомнежи не добиваат институционален одговор – тогаш граѓаните со право прашуваат: каде е правдата?
Случајот со апелациониот судија кај кого беа пронајдени 350 илјади евра, скриени и заѕидани во ѕид, не е само скандал. Тоа е симбол на длабока системска слабост – симбол на култура на неказнивост, молк и меѓусебна заштита што предолго ја разјадува довербата во правосудниот систем.
Истовремено, јавноста сведочи и на сериозни предизвици во функционирањето на обвинителството – недоволна ефикасност, ограничени капацитети и недоволна решителност во справувањето со најтешките форми на криминал.
Истражувањата за перцепцијата на корупција покажуваат дека довербата во судството и обвинителството е сериозно нарушена. Таа доверба не може да се врати преку ноќ, ниту со една одлука.
Јасно е дека проблемот е системски и не се однесува само на поединечни случаи. Свесни сме дека без темелни и добро насочени реформи, ваквите појави ќе продолжат да се повторуваат. Затоа, Министерството за правда пристапи системски, со утврдување на фактичката состојба на терен и со преземање конкретни чекори”, изјави Филков.
ДЕМОКРАТИ го прашуваат Министерот за правда Игор ФИЛКОВ, кој е скоро две години Министер за правда, зошто ништо нема преземено против криминалот и корупцијата кои владеат во судството и обвинителството, поточно помеѓу криминални и корумпирни судии и јавни обвинители?
За жал, како ДЕМОКРАТИ мора да заклучиме: МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ ОД ЗНАМ ИЛИ Е ЛУД ИЛИ НЕ ПРАВИ ЛУДИ СИТЕ ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА
ДЕМОКРАТИ бараат ИТНА оставка од тотално неспособниот Министер за правда Игор Филков!
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за доброто на граѓаните и Македонија!
Претходно КРИМИНАЛЦИ ЕДНИ, ВИЕ ГИ ИЗБРКАВТЕ МЛАДИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА, А СЕГА ЌЕ ГИ ВРАЌАТЕ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ