Новинарката Лиридона Вејсели е казнета за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, бидејќи во новинарски текст објавила име на судија од Основниот суд во Тетово, кој донел одлука за пуштање лице од притвор.
На пресудата од Основниот суд од Гостивар реагираше и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, која соопшти дека изразува сериозна загриженост, оценувајќи дека „ваквата одлука испраќа негативна порака во однос на слободата на изразување и медиумските слободи“.
Кривичното гонење на новинари за објавување податоци за носители на јавни функции во контекст на извршување на нивната професионална работа создава притисок врз медиумите и го ограничува правото на јавноста да биде информирана, соопштуваат од АВМУ.
ДЕМОКРАТИ го осудуваат нападот на новинарката Лиридона Вејсели, и сметаат дека е ограничување на слободата на говорот.
Ова е директен удар врз слободата на медиумите и јасна порака за заплашување на новинарите.
Ако изнесувањето факти и именување одговорни лица се казнува, тогаш оваа држава не ја штити демократијата, туку молкот и криминалот.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за правна и функционална држава!


