ПРОГРАМСКА ДЕКЛАРАЦИЈА НА ДЕМОКРАТИ: Владата казнува сиромаштија, не решава проблеми

ДЕМОКРАТИ најостро ја осудуваат политиката на Владата која, под изговор на „ред и закон“, спроведува сурова и неселективна репресија врз најсиромашните граѓани.
Со новите законски решенија, државата не го решава проблемот со безбедноста во сообраќајот, туку создава социјална криза.
Одземањето на моторни возила на Ромите и другите социјално загрозени граѓани е директен удар врз нивната егзистенција и достоинствен живот.
Каде е вината?
Вината не е кај граѓаните.
Вината е кај државата.
Децении наназад, институциите дозволуваат корумпиран и монополизиран систем на авто-школи, 1000 евра се потребни за полагање за возачка дозвола, (читај пљачка на сиромашните граѓани). Притоа, речиси никој не може да положи од прв пат, а секое наредно полагање чини околу 100 евра. Тоа е системска кражба, а не реформа.
Истата таа држава денес се дрзнува да ги казнува оние што не можеле да си дозволат влез во тој корумпиран систем.
Што бараат ДЕМОКРАТИ?
Бараме итни и конкретни мерки:
1. Укинување на член од Законот, одземање на возила на граѓаните и фирмите поради сообраќајни прекршоци (ова е класична пљачка на народот од страна на криминалната држава).
2. Итно враќање на одземените возила со владин декрет.
3. Драстично намалување на цените за полагање на возачки испит.
4. Бесплатно или целосно субвенционирано добивање возачки дозволи за социјално загрозените граѓани.
5. Бесплатна правна помош за сите погодени граѓани.
6. Ревизија на авто-школите, испитните комисии и монополите.
7. Субвенционирање и плаќање на рати за регистрација и возачки испит.
8. Урбанизација и инвестиции во ромските населби: училишта, амбуланти, станови, инфраструктура, вработувања.
Порака до Владата:
Ред без правда е репресија.
Закон без решение е неправда.
ДЕМОКРАТИ нема да молчат додека сиромаштијата се казнува, а корупцијата се штити.
Порака до граѓаните:
Ова не е прашање на етничка припадност.
Ова е прашање на социјална правда, функционална држава и еднакви шанси.
Денес се Ромите. Утре може да биде секој од нас.
ДЕМОКРАТИ – против репресија, за правда и достоинство.
Претходно КАКОВ ТАТКО, ТАКОВ СИН!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ