ИЗГЛАСАН КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК И ПОТПИШАН ОД ГОРДАНА ВО КОРИСТ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ- КРИМИНАЛЦИ

Со донесените измени на членот 353 од Кривичниот законик, власта на Мицкоски наместо да ги заостри казните за злоупотреба на службената положбa, казните за функционерите-криминалци се намалени.
Власта целосно ги игнорираше забелешките од експертите во врска со измените на Кривичниот законик и ги донесе скандалозните измени на членот 353.
Измените се однесуваат на следното:
– Се намалуваат минималните и максималните казни за злоупотреба на службена положба:
– За прв пат се воведува можност за условна казна со намалување на минималната казна на 4 години која претходно изнесуваше 5 години и не постоеше правна можност за условна казна;
– Се намалува максималната казна за злоупотреба на службена положба на 8 години, која претходно изнесуваше 20 години, што значи криминалот на функционерите ќе застарува за 16 години (наместо за 40 години како што гласеше претходното законско решение);
– Се брише ставот кој предвидува одговорност за службените лица во органите на државната управа со што се амнестираат од одговорност: министри, директори и други вработени во органите на државната управа.
Претседателката Гордана ги потпиша измените како што изјави, “како привремено решение”, се до донесувањето на нов Кривичен законик.
Според неа измените претставуваат “подобрување”, особено во делот на родовото базирано насилство и сообраќајните прекршоци.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека измените не само што не се добри, туку се скандалозни и штетни и со ваквите измени ќе следи уште побрзо застарување на криминалот од страна на функционерите и службените лица.
Токму поради тоа, го повикуваме Уставниот суд ИТНО да ја преиспита уставноста на измените на членот 353!!!
Намерите на властите се јасни – амнестија за корупцијата, криминалот, криминалните тендер и функционерите-криминалци, и повторно никој да не одговара за системскиот грабеж на народните пари!!!
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за доброто на граѓаните и Македонија!
Претходно 35 ГОДИНИ ХАОС!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ