Државниот ревизор утврдил сериозни неправилности во работењето на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата за 2024 година: од неиздавање фискални сметки во владиното бифе, до неуредна евиденција на државен имот, вреден стотици милиони евра.
Според извештајот, во текот на 2024 година, во владиното бифе не се издавале фискални сметки, а дневниот промет не се уплаќал редовно, туку по неколку месеци. Ревизијата открила и големи разлики помеѓу фактичката и пријавената состојба.
Дополнително, СОЗР не водела точна евиденција за државно земјиште вредно околу 325 милиони евра-дел од веќе продадени парцели сè уште се водат како државни, а за некои локации воопшто нема податоци за користење.
ДЕМОКРАТИ бараат ИТНО отчет од Владата, во врска со ревизорскиот извештај за 2024 година, како и детална контрола од надлежните институции на управувањето со државните ресурси.
Владата наместо да ја запре сивата економија, таа работи “на црно”!!!
ДЕМОКРАТИ: Каква
држава и каков народ сме ние ако дозволиме да ни се случува ваков хаос во Владата ?!!!


