СО НЕСПОСОБЕН ГРАДОНАЧАЛНИК И СОВЕТНИЦИ И ДЕЦАТА СЕ ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ

Битолчани се во шок, а битолската и македонската јавност повторно реагира во врска со уште еден морничав инцидент, предизвикан од улични кучиња.
Двегодишно дете кое си играло пред семејната куќа во Битола, деновиве било растргнато од кучиња скитници и поради тешките повреди кои бараат специјализирана хируршка, па дури и пластична интервенција, било итно префрлено од битолската болница на Клиниката “Мајка Тереза” во Скопје.
Јавноста со право стравува и реагира, дека ова е само уште еден трагичен случај во низата инциденти со улични кучиња, кои се случуваат насекаде, а државата и општините не го решаваат овој проблем системски.
ДЕМОКРАТИ бараат ОДГОВОРНОСТ од страна на државата, градоначалникот и советниците на Општина Битола.
ДЕМОКРАТИ се крајно револтирани од неспособноста на локалните власти во справувањето со проблемот со кучињата скитници во Битола и бараат итна реакција и системско решение и прашуваат: уште колку жртви се потребни,
да се реши овој проблем со кучињата скитници во Битола?!!!
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за доброто на Битолчани и граѓаните на Македонија!
Претходно СТОП НА РЕГИОНАЛНАТА ДЕПОНИЈА НА СМРТТА!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ