После откривањето на пет тони марихуана во Србија, со потекло од Македонија, во неодамнешната полициска акција на МВР и Бирото за јавна безбедност во координација со Обвинителството за организиран криминал,во Македонија, беа конфискувани 40 тони марихуана од повеќе правни субјекти.
Дрогата била произведувана и складирана надвор од законските протоколи, а целта ѝ била да заврши на улиците во Македонија и Европа.
Министерот Тошковски изјави дека случајот е резултат на погрешни политики од минатото, но дека институциите ќе делуваат решително (после свадба тапани), скоро 2 години на влас и министерот ништо немаше преземено против криминалните активности во фабриките за канабис, се додека Србија не го откри криминалот!
Премиерот Мицкоски испрати порака дека:
“Нема компромис со неправдата, нема компромис со беззаконието. Никој не е над законот. Криминалот денес не се исплати – ќе бидете пронајдени и жестоко казнети, сите вие што мислите дека криминалот е професија”
Според Комисијата при Министерството за здравство, дрогата била произведувана и складирана надвор од утврдените протоколи за медицинска употреба, што, според надлежните, укажува на систематска злоупотреба.
ДЕМОКРАТИ бараат најстрога одговорност и највисоки санкции за правните субјекти кои освен за медицински цели, произведувале марихуана нелегално и направиле системска злоупотреба.
ДЕМОКРАТИ бараат ОДГОВОРНОСТ и од властите, од премиерот Мицко и министерот Панче, да си поднесат оставка, кои за жал, овозможиле да се случат вакви системски злоупотреби на законот (скоро 2 години се на власт и ништо немаа превземено против криминалите кои се случуваа во фирмите за производство на канабис) и само декларативно се борат со високата корупција и криминал во државата.
ДЕМОКРАТИ секогаш најжестоко се бор


