Граѓаните во Македонија, минатата година уплатиле околу 2,8 милијарди евра во казина, обложувалници и автомат-клубови.
Тоа e огромен финансиски одлив кон индустријата на игрите на среќа, но отвора и сериозни економски и социјални последици.
Според анализата, станува збор за сума, која што укажува колку голем удел има коцкарската индустрија во финансиските текови во земјава. Од друга страна експертите предупредуваат дека ваквото трошење има директно влијание врз личните буџети на граѓаните, задолжувањето и сиромаштијата. Растат и проблемите поврзани со зависноста од коцкање, семејните долгови и социјалните последици.
Казината и обложувалниците во последните години бележат постојан раст, лесно се достапни, ги има насекаде (дури и во станбени згради) и on line, премногу се рекламираат игрите на среќа и се повеќе луѓе од најмлада возраст го навлекуваат коцкањето како порок.
ДЕМОКРАТИ го прашуваат премиерот Мицкоски да одговори во која друга држава освен во Македонија има толкав број на коцкарници, буквално насекаде по градовите и селата.
ДЕМОКРАТИ укажуваат од поодамна на неопходна контрола на овој сектор и потреба од построги правила, како и ограничување на бројот на објекти и локациите, и контрола на онлајн коцкањето.
Исто така е неопходно да се заштитат младите од овој порок и да се зајакнат програмите за превенција од зависност од коцкање.
Сумата од 2,8 милијарди евра јасно покажува дека коцкарската индустрија станува еден од најмоќните финансиски сектори во земјата. Поради тоа на Македонија може да и позавиди и Лас Вегас!
ДЕМОКРАТИ ПРАШУВААТ ДАЛИ Е ОВА ОДЛИЧЕН РЕЦЕПТ ЗА САМОУНИШТУВАЊЕ?
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за доброто на граѓаните и Македонија!


