Додека поранешниот директор на ЕСМ – Васко Ковачевски е во бегство, поради криминални зделки при набавки на јаглен и мазут, криминалот и расипничко то менаџирање во ЕСМ продолжува.
Најновиот тендер на ЕСМ за РЕК- Битола, за увоз на 150.000 тони јаглен (во вредност од 7 милиони евра), го доби фирма од Косово со криминално минато.
Имено, директорот на
ЕСМ, Лазо Узунчев, склучи договор за јавна
набавка со компанијата „ХИБ Петрол Груп”,
чиј сопственик бил
осуден затоа што испорачувал
токсичен мазут,
штетен за здравјето на луѓето и животната
средина.
ДЕМОКРАТИ бараат ИТНА оставка на неспособниот директор Лазо Узунчев,
кој дели тендери на криминални фирми, набавува токсичен јаглен и мазут и не само што прави криминал, туку и огромни штети по животот и здравјето на луѓето.
ДЕМОКРАТИ бараат одговорност и од премиерот и владата, кои наместо да го спречат криминалот во РЕК-Битола, тие за лични интереси прават милионски зделки, со кои уште повеќе ја загадуваат животната средина и ги трујат луѓето од битолскиот регион со токсичен мазут и јаглен.
ДЕМОКРАТИ апелираат истражните органи да ги истражат јавните набавки и тендерите во ЕСМ, каде се прави невиден криминал со децении, ЕСМ е во долгови, а граѓаните плаќаат превисоки сметки за струја, но плаќаат и со своето здравје и живот, поради енормната загаденост на Битола и регионот.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за доброто на граѓаните и Македонија!


