Со измените на Законот за високо образование, власта ќе направи образованието да стане привилегија само на богатите, а државата не обезбедува средства за млади истражувачи и не инвестира во науката.
Министерката Весна Јаневска предложи повисоки критериуми за избор во наставно-научни звања, барајќи од 6 до 7 научни трудови, од кои најголем дел во списанија со импакт фактор, чие објавување чини илјадници евра.
Со овие измени, всушност професори ќе можат да станат само децата на богатите, оние што имаат средства да плаќаат публикации, конференции и „академски трошоци“. Јаневска со ова ја исклучува државата од инвестиции во науката.
Исто така, со измените се предлага и новоизбраните редовни професори да подлежат на реизбор по 7 години, што значи на тој начин ќе можат да вршат тотална контрола врз професорите и со тоа да ги направат партиски послушници.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека новите измени на Законот за високо образование не се воопшто корисни, напротив се штетни а најлошо е тоа што министерството за образование и Владата не инвестираат воопшто во науката и не прават ништо добро за младите да останат во државата.
ДЕМОКРАТИ секогаш предлагаат бесплатно високо образование, со цел што повеќе млади да останат во Македонија, а не да заминуваат во странство, како на пример во Словенија, каде поради бесплатното школување многу млади од регионот студираат и остануваат таму
Исто така ДЕМОКРАТИ се против реизборот на мандатот на професорите да биде на 7 години, напротив изборот треба да биде доживотен,
со тоа што истите професори да можат да бидат отпуштени од работа, доколку не си ја вршат одговорно професијата или се занимаваат со криминал.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за врвно и бесплатно образование!


