ДЕМОКРАТИ: ТРЕТА НАРОДНА ОПЦИЈА

Додека ние ДЕМОКРАТИ се движиме меѓу народот, сведоци сме дека луѓето бараат да се формира трета народна опција- политички блок кој ќе ги обедини партиите кои не се криминални, кои не се борат за лични и партиски, туку за народни и државни интереси и кој политички блок ќе ја спаси Македонија од пропаста и бездната кон која со сигурност ја носат ДПНЕ-ВЛЕН-ЗНАМ-СДС-ДУИ и нивните полтронски приврзоци.
Ние ДЕМОКРАТИ одговоривме на барањата на народот и веќе на големо работиме на формирање на таков блок, на трета народна политичка опција и веќе имаме потврда за придружување од некои партии.
Луѓето велат дека нема повеќе што да се очекува од овие што со децении ни се менуваат на власт, се виде дека само лажат и медиумски го манипулираат народот, дека стручно ни ги перат мозоците. Тие демек, многу се караат помеѓу себе кој повеќе се бори за Македонија и народот а зад камерите се најдобри пријатели. Се договараат за се, како и за промена на Криминалниот законик и со тоа си ги намалија казните и овозможија побрзо застарување на криминалните дела на функционерите и заеднички не крадат. Повеќе нема што да се очекува од овој систем на затворени листи, кога мора да гласаме само за партии, а партиите за ништо да не одговараат, ниту за лажните изборни ветувања, ниту за корупцијата и криминалите кои ги прават. Во светот е најдено решение на тој проблем со воведување на целосно отворени листи и со гласање за личности, и мора и ние да го спроведеме тоа решение, што поитно.
Затоа во изготвување е Платформа околу која ќе се обединат сите чесни народни демократски партии, со која ќе бидат дефинирани принципите на заедничка работа во рамките на тој трет политички блок, кој пред се ќе се грижи за народните и државните интереси. Притоа за народот да биде главен и одлучувачки во својата држава – неопходно е ИТНА промена на Криминалниот изборен законик и воведување на отворени листи, гласање за личности, кои како народни пратеници ќе бидат одговорни пред народот за исполнувањето на своите изборни ветувања, и за контрола на работата на владата и државните институции во спроведувањето на законите. Тоа е тоа што од нас денес очајно го бара народот и тоа барање ние ДЕМОКРАТИ го исполнуваме!
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за доброто на Македонија и народот!
Претходно МОРА ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ ПРОТИВ ЗЛОТО!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ