Според извори од Здружението за заштита на животни “Анима Мунди”, проблемот со бездомните кучиња не може да се сведе само на улицата и на службите што заловуваат и стерилизираат, туку тој
потекнува од неодговорното сопствеништво и од системот што речиси и да не санкционира.
Тие изјавуваат дека многу од кучињата што завршуваат на улица не се „родени бездомни“, туку се пуштени без надзор, оставени да се размножуваат неконтролирано или едноставно напуштени.
Здружението тврди дека токму ваквите практики ја поништуваат секоја програма за постепено намалување на бездомните животни. Додека стационарот троши ресурси за заловување, стерилизација и згрижување, паралелно се зголемува бројот на улични кучиња, без лична и институционална одговорност.
Во тој контекст, “Анима Мунди” предупредува и на уште еден феномен кој станува сè почест, а тоа е: дислокација на кучиња, односно префрлање од една општина во друга.
Оттука произлегува главното барање на “Анима Мунди”: напуштањето миленик да стане кривично дело, а не прекршок што ретко се гони и уште поретко се чувствува како реална санкција. Според здружението, потребни се сериозни и доследно применувани казни не само за напуштање, туку и за неконтролиран расплод и пуштање миленичиња без надзор.
ДЕМОКРАТИ бараат од власта системски да го реши проблемот со уличните животни и ИТНО да донесе Закон со кој ќе се санкционира напуштањето на животни на улица, и ќе биде кривично дело како што се третира во повеќе европски држави, со високи парични и затворски казни. Напуштањето милениче на улица да не се третира како „лична одлука“, туку како општествено-штетно дејствие со последици за јавната безбедност, (здравјето и животот на граѓаните и на самите животни).
ДЕМОКРАТИ ја поддржуваат
иницијативата од “Анима Мунди” за измени на Законот и бараат брз одговор од надлежните институции, пред да се случи повторно некој трагичен настан, поради тоа што животните не се виновни што завршуваат на улица, туку човечкиот фактор и дека е неопходно системско решение, лична и институционална одговорност и санкционирање.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за, доброто на граѓаните и Македонија!


