На вицепремиерот во бегство Артан Груби, осомничен во предметот за Државната лотарија, по предлог на Основното Јавно Обвинителство – Скопје, мерката притвор му е заменета со куќен притвор и одземање на патната исправа.
Груби е пуштен во домашен притвор со
објаснување од МВР и АНБ, дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност и поради тоа што истиот доброволно се пријавил на органите на прогонот.
Исто така постоеле индиции за загрозена безбедност и на членовите на неговото семејство, велат од Јавното Обвинителство-Скопје.
ДЕМОКРАТИ се згрозени од постапката на Основното Јавно Обвинителство – Скопје, со која мерката притвор се заменува со куќен притвор и сметаат дека ова е уште еден пример како властите заедно со органите на прогон ги заштитуваат најголемите криминалци, а со најновите измени на Кривичниот закон, и ги амнестираат.
Артан Груби е уште еден пример (како и многу предходни), како властите им помагаат и ги спасуваат најголемите криминалци, наместо да ги казнуваат и осудат со највисоки казни!
На народот му е веќе јасно дека станува збор за договор помеѓу власта и ДУИ и “жестоката борба” на властите против високиот криминал и корупција во Македонија е само декларативна, а на дело, фактички тие си помагаат и се штитат.
ДЕМОКРАТИ секогаш вистински, а не декларативно, се борат против криминалот и корупцијата во Македонија и се за најстроги казни за криминалците!


