НАМЕСТО БЕСПЛАТЕН СТУДЕНТСКИ ОБРОК, ВЛАДАТА ГИ ЛАЖЕ СТУДЕНТИТЕ СО МИЗЕРЕН СУБВЕНЦИОНИРАН ОБРОК (ОБРОК ПО ПОНИСКА ЦЕНА)

Министерството за образование и наука им даде рок за пријавување на студентите за субвенциониран студентски оброк (оброк по пониска цена) од 01 – 05 март 2026, за академската 2025/26 година.
Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, како и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и на приватните универзитети во државата.
ДЕМОКРАТИ одамна зборуваат, дека треба да има бесплатен топол оброк за студентите, наместо субвенциониран оброк (оброк по пониска цена), а исто така и за учениците во основните и средните училишта.
ДЕМОКРАТИ секогаш се залагаат за целосно бесплатно високо образование и бараат од неспособната министерка Весна Јаневска да си даде оставка, поради тоа што нема направено ништо добро за образовниот систем, не го подобрува студентскиот стандард со субвенциониран оброк, а уште помалку ќе ги задржи младите да студираат во Македонија.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за целосно бесплатно образование на младите!
Претходно ДИМЧЕ, СЕКТАШКИОТ ЛИДЕР ГО ИСТУРИ СВОЈОТ ПРОФИТЕРСКИ ГНЕВ УШТЕ ЕДНАШ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ