БРИСЕЛ ГО СПУШТИ МИЦКОСКИ НА ЗЕМЈА: ,,Получленството“- само политичка фантазија

Брисел ја пресече и оваа политичка фантазија на Мицкоски. Неговиот „нов модел“ за интеграција, во Брисел се судири со реалноста: правилата на Европската Унија не се пишуваат во Скопје.
Планот за некакво „получленство“ на Македонија во ЕУ до 2027 година, само фантазија. Тоа беше само идеја што премиерот Христијан Мицкоски ја претставуваше како нова дипломатска формула, како креативен излез од европскиот ќорсокак, како некаква „иновативна“ конструкција со која државата ќе седне на масата во Брисел, но без право на глас.
Европа, според оваа формула, би требало да ни отвори врата, да ни даде столица во институциите, да ни дозволи да присуствуваме на состаноци и да се фотографираме со европските лидери, а за возврат Македонија да ги прескокне најтешките политички одлуки дома.
Од Брисел стигна јасна порака: таква формула едноставно не постои. Нема „получленство“. Нема европска чекална со столче покрај масата. Нема ни институционален статус кој би бил половина членство, а половина кандидатура.
Во Европската Унија постојат само две позиции – или си член, или не си член.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека
тоа е уште една илузија на Мицкоски, политичка приказна која звучела добро пред камерите, но не преживеала ниту еден сериозен разговор во Брисел. А тоа не е првпат.
Мицкоски веќе неколку години гради политичка стратегија врз големи најави и спектакуларни ветувања. Ќе се врати името. Ќе се ревидира договорот со Бугарија. Ќе се исправат историските неправди. Ќе се најде нов европски модел за интеграција…
На крај, секогаш останува истото: прес-конференции, изјави и нови приказни и ветувања…
ДЕМОКРАТИ сметаат дека ударот што сега дојде од Брисел е повеќе од јасен сигнал.
Планот на Мицкоски за 2027 година, кој толку самоуверено беше претставуван како „нов пат“ за Македонија, се покажа како уште една политичка илузија.
Поради тоа, ДЕМОКРАТИ го прашуваат Мицкоски: Што е следно? Нема повеќе лаги во ракавот!
Кога една политичка приказна ќе се распадне толку брзо, обично следи нова. Нова формула, нова најава, ново ветување.
По кој пат истите приказни и лажни ветувања, повеќе од две децении и наместо поблиску до ЕУ, за жал, Македонија е се подалеку, а народот со право
повеќе не верува во ништо!!!
Претходно Цените на дизелот и бензинот нагло растат. РКЕ донесе одлука за поскапување, па се создадоа гужви и редици пред бензинските пумпи низ земјата.

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ