ДЕМОКРАТИ бараат и промена на Кривичниот закон и воведување на смртна казна за ваквиот тип насилници кои директно или индиректно одземаат човечки животи, со посебна суровост и пресметливост. Само така ќе се испрати порака до нив, дека државата нема да простува за ваквиот тип на однесување, насилство и злосторство.
Исто така се бараат најстроги казни за полициските службеници, инспекторите и одговорните лица во центрите за социјална работа, за непостапување по пријавите за семејно насилство.Мора да има и институционална одговорност и санкции.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за промена на Кривичниот закон и максимално највисоки казни за сторителите на семејно насилство.


