Министерството за образование и наука им даде рок за пријавување на студентите за субвенциониран студентски оброк (оброк по пониска цена) од 01 – 05 март 2026, за академската 2025/26 година.
Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, како и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и на приватните универзитети во државата.
ДЕМОКРАТИ одамна зборуваат, дека треба да има бесплатен топол оброк за студентите, наместо субвенциониран оброк (оброк по пониска цена), а исто така и за учениците во основните и средните училишта.
ДЕМОКРАТИ секогаш се залагаат за целосно бесплатно високо образование и бараат од неспособната министерка Весна Јаневска да си даде оставка, поради тоа што нема направено ништо добро за образовниот систем, не го подобрува студентскиот стандард со субвенциониран оброк, а уште помалку ќе ги задржи младите да студираат во Македонија.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за целосно бесплатно образование на младите!


