На 14-ти март е најавен голем протест на работниците и на Сојузот на Синдикатите на Македонија, за мизерното зголемување на минималната плата и на останатите работнички плати.
ССМ бараат зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на останатите работничките плати за најмалку 6.000 денари, но Владата нема слух за ниските плати, астрономските цени и нискиот стандард на граѓаните!
ДЕМОКРАТИ предлагаат минимална плата да биде не 600 евра, туку најмалку 1000 евра, поради секојдневниот раст на цените и падот на животниот стандард на граѓаните во Македонија!
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за повисок животен стандард на граѓаните!


