На македонската трпеза денес има сѐ повеќе увезени прехрамбени производи. Месото пристигнува од Бразил, гравот од Египет, доматот и пиперката од Албанија, Грција или од Турција, додека домашното
производство, тивко се повлекува, a увозот расте, драматично.
Во изминатата деценија според експертите, увозот на храна е зголемен за 100% и веќе ја надминал границата од една милијарда евра.
Тоа значи дека секоја суша во некоја далечна земја, секоја геополитичка тензија, секое поскапување на транспортот, директно се чувствува во маркетите и цените секојдневно се во пораст.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека ова е еден од клучните проблеми во државата, каде наместо да се стави акцент на производството на храна, таа се увезува и државата економски пропаѓа, а граѓаните се, се’ посиромашни.
Со децении наназад ни една влада не направи ништо да го заштити земјоделството и земјоделците, а
падот на домашното производство е резултат на тоа што нема стратегија и има недоволна поддршка на земјоделците, како и откуп од државата.
Македонија има голем потенцијал, но нема ниту стратегија, ниту систем за земјоделско производство. Имаме обработливи површини,(а дел од нив се користат за фотоволтаични централи), имаме традиција, имаме луѓе што знаат да произведуваат. Но за жал, имаме власти кои го уништија тотално земјоделскиот сектор.
Во услови кога увозот станува поевтин поради масовно производство на храна во големите држави, домашниот производител се соочува со трошоци што не може лесно да ги покрие, и поради тоа стојат ниви кои не се обработуваат и производители што се прашуваат дали вреди да се сее следната сезона.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека за домашното производство да заживее, потребни се инвестиции во овој сектор, јасна стратегија, стабилна поддршка на земјоделците од државата и строга контрола на означувањето на производите. МОРА државата да им гарантира на производителите откупна цена и откуп. Се додека зависиме од увоз на храна, земјоделството ќе пропаѓа, економијата ќе стагнира, цените ќе растат, а за жал, граѓаните ќе осиромашуваат со секој изминат ден!
ДЕМОКРАТИ секогаш ги поддржуваат земјоделците и домашното производство на храна!


