На комеморативната седница во Собранието по повод годишнината од трагичниот настан, наместо достоинствено сеќавање, протоколарни говори, без да бидат спомнати имињата на загинатите.
Премиерот Мицкоски пак, прави споредба со трагедијата што се случи во Кран-Монтана, Швајцарија и се фали дека “подобро и поуспешно се справил” со трагедијата во Кочани.
Каков срам, да правиш споредба на трагедии, во кои згаснаа толку млади животи?!! Што ли уште ќе слушниме од нашиот премиер?!
И после една година, сеуште нема правда и вистинска помош за семејствата на загинатите и повредените.
САМО ПРАВДАТА И ВИСТИНАТА, МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ МАЛКУ СПОКОЈ ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ И ПОВРЕДЕНИТЕ И ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА.
ВЕЧНО ЌЕ ЖАЛИМЕ И ЌЕ СЕ СЕЌАВАМЕ НА 63 ПРЕРАНО ЗГАСНАТИ ЖИВОТИ. 

“
“Постојат моменти во животот на еден град кога времето се дели на две:
на пред и на после.
За Кочани,
тој момент е 16 март 2025 година.
Ноќ што почна како многу други — со младост, музика и смеа.
А потоа дојде мигот што засекогаш ќе остане врежан во нашата меморија.
2 часот и 32 минути. Во „Пулс“.
Миг што ја раздели ноќта на две.
Миг што раздели семејства од нивните деца.
Миг што го промени животот на целиот град.
Во тој миг 63 млади срца
престанаа да чукаат меѓу нас.
63 насмевки.
63 соништа.
63 животи што требаше да продолжат.
Секој од нив беше нечие дете,
нечиј брат или сестра,
нечиј најдобар пријател.
Секој од нив беше цел еден свет.
Кога ќе изгубиш толку светови одеднаш, тишината станува погласна од секој збор.
Но, има нешто што никој не може да го одземе —споменот.
Денес тие се 63 ангели што го осветлуваат небото над Кочани.
И наша должност е нивната светлина никогаш да не згасне.
Затоа што луѓето не исчезнуваат кога ќе си заминат. Тие исчезнуваат само кога ќе бидат заборавени.
А Кочани никогаш нема да ги заборави своите 63 ангели.
Затоа…
кога часовникот ќе покаже 2:32, застанете за миг.
И сетете се дека тогаш 63 светла се претворија во вечност 

“, пишува во објавата на Здружението на граѓани „16 март 2025“.
„Нека светлината сведочи да не заборавиме. Нека тишината зборува за љубовта што останува“, рекоа од Здружението
„16 март 2025 Кочани“.


