Според последните податоци од Државниот завод за статистика, просечната нето плата изнесува околу 46.617 денари и сме на дното во споредба со државите од регионот.
Во последните неколку години платите имаа тенденција на раст, но вештачки – пред се како резултат на административни мерки: (зголемениот минималец и покачувањата во јавниот сектор), како и поради големиот одлив на работна сила во странство.
И покрај тоа, Македонија останува на дното во Европа, според висината на просечната плата.
За споредба, просечната плата во Србија е 1.058 евра, во Босна и Херцеговина 839, во Црна Гора 1.026, во Хрватска 1.511 и во Словенија 1.654 евра.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека за реално да пораснат платите, мора да порасне економијата, а според експертите економијата треба да расте со над 5 % годишно за да се види разлика.
За жал, ние имаме држава без економија, задолжени сме до гуша во кредити, а пред се, имаме криминална Влада која е тотално неспособна и незаинтересирана за подобрување на економијата, а со тоа и на животниот стандард на граѓаните.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за развој на економијата, а само така реално ќе се подобри животниот стандард на граѓаните!


